ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Горан Станиќ (Работнички)

131

Горан Станиќ (Работнички) или Александар Васоски (Силекс) беше дилемата на “СпортСпорт“ за тоа кој е тренер на есенската полусезона во ПМФЛ. И изборот падна на стратегот на Работнички, поради фактот дека Станиќ бил во четири наврати тренер на колото оваа есен, а Васоски само трипати.

Според “СпортСпорт“ првиот човек на стручниот штаб на клубот од Дебар Маало е најзаслужниот што оваа есен Работнички повторно беше оној стариот, моќниот Работнички како некогаш. Станиќ од Работнички направи фудбалска “машина“. Заврши со четири победи во серија во финишот.

Имаше мала криза во средината на есенскиот дел, но потоа повторно Станиќ и неговите момци газеа.

Ако во првиот дел од есенската полусезона Работнички се одликуваше со внимателна игра, да не се прими гол и од контри да се загрозува противничкиот, Станиќ во вториот дел од полусезоната ја смени концепцијата. Работнички на последните четири меча играше офанзивен, атрактивен фудбал и не беше есенски првак само поради еден гол, таа провизорна титула замина кај Силекс и Васоски.

Нема дилеми дека оваа есен Станиќ и дефинитивно самиот себе си се промовира како екстра класа тренер, кој знае што сака и знае како од една екипа без ѕвезди да создаде и обликува тим кој што победува.

Ете затоа е Станиќ тренер на полусезоната. Секако дека ако тоа беше Васоски немаше да биде незаслужено.

Штета што може да биде само еден тренер на полусезоната, а тоа според „СпортСпорт“ е Горан Станиќ.

ПретходноРакометен празник за крај на годината: Пелистер по „одмазда“, Вардар без победа во Битола речиси 30 месеци!
СледноГвардиола реши да ја каже вистината за крвавиот нос и лузните на главата!