Трент: Сите досегашни договори ги потпишав тајно, така ќе биде и сега

101

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд ги игра последните 6 месеци од договорот со „црвените“, а шпекулациите околу неговата иднина продолжуваат. Реал Мадрид е сериозно заинтересиран да го ангажира англискиот дефанзивец, кој се чини дека е во искушение да го испроба предизвикот и да му се здружи со соиграчот од репрезентацијата, Џуд Белингем.

„Во клубот сум 20 години и потпишав четири или пет продолженија на договори и ништо од нив не се случи јавно. И овој пат нема да биде поинаку“, изјави Трент за Скај Спортс.

Тоа очигледно звучи охрабрувачки за навивачите на Ливерпул, бидејќи најголемиот дел од нив сакаат скаузерот да остане на „Енфилд“.

ПретходноАјкут Туран е нов генерален директор на Шкупи
СледноТИМ И ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Регба е најдобар меѓу најдобрите