Фудбалерите на Аталанта ќе останат лидери во италијанската Серија А и по 16 одиграни натпревари, откако со многу среќа денеска славеа минимално со 1:0 на гостувањето кај Каљари.
Решавачкиот гол го постигна резервистот Николо Заниоло, кој влезе во игра во 64. минута, а само две минути подоцна со гол ја круниса одличната акција на Лазар Самарџиќ и десниот бек Раул Беланова. Во периодт од првото полувреме Каљари имаше неколку 100% шанси, но не успеа ниту една да претвори во гол.
Каљари ја имаше иницијативата и во финишот, но Марко Карнесеки денеска беше неверојатен на голот на гостите.