На мечот на Црвена звезда се појави забранета порака која веднаш беше отстранета

2105
Фото: Црвена Звезда/Твитер

Навивачите на Црвена звезда синоќа ја наполнија белградска Арена. Речиси 20.000 навивачи ја видоа победата на нивниот тим над Олимпијакос (87-73), но овој натпревар го одбележа интересна порака од трибините.

Звезда важи за клуб близок до власта и до претседателот Александар Вучиќ, кој е отворен симпатизер на црвено-белите и поради оваа причина на натпреварите на овој клуб не се слушаат скандирања против првиот човек на Србија.

Сепак, еден навивач на синоќешниот меч дојде со транспарент за кој ќе се зборува. На него пишуваше „Убијци“.

Овој транспарент со денови се истакнува низ цела Србија. Се алудира на смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад, но и на многу други трагедии кои постојано се случуваат во оваа земја.

Младите за се го обвинуваат Вучиќ и неговите од власта. Излегоа на улица и бараат промени, а по улиците секојдневно можеме да бидеме сведоци на немири.

Транспарентот кој се појави во Арената очекувано брзо беше отстранет. На социјалните мрежи пишува дека еден од водачите на навивачката група „Делии“ лично отишол да го земе овој знак и со закани им го одзел на децата кои го држеле.

Секако, коментарите се брутални. Сметаат дека наредбата дошла од самиот врв на државата.

„Во арената Вучиќ се малтретираат децата кои го истакнаа транспарентот“.

„Ѕвездените трибини се чуваат како државни. Ова е дело на државна служба“.

Црвена звезда многумина ја прогласија за „играчка на Вучиќ“. Тој внесе огромни пари во клубот, и фудбал и кошарка.

ПретходноДенвер ги декласираше Клиперс, Јокиќ го одигра најлошиот меч сезонава (ВИДЕО)
СледноСтана јасно кој тим би можел да го преземе Анчелоти доколку го напушти Реал