Рагбисти добија вкупно 40 години затвор за силување

61

Некогашните рагбисти на францускиот клуб Гренобл, тројца од нив се осудени на 14 однсоно 12 години затвор за силување на студентка во 2017 година. Уште двајца се осудени на помали казни затоа што не сториле ништо, а биле сведоци на настанот односно не пробале да го спречат.

Ирецот Денис Кулон и французинот Лоик Џејмс се осудени на по 14 години, додека пак интернационалецот од Нов Зеланс, Рој Грејс на 12 години затвор. Ирецот Крис Фарел е осуден на четири години условен затвор, затоа што не реагирал, а Дилан Хејс кој исто така доаѓа од Нов Зеланд од истата причина „заработи“ две години условно.

Сега веќе осудените, се бранеле со тврдењето дека оштетената не само што доброволно се согласила на сексуален однос со нив, туку и истиот самата го поттикнала. Таа ноќ, оштетената и рагбистите заедно биле во ноќен клуб, а таа потоа тврдела дека не се сеќава како стигнала до хотелот каде што се случил инцидентот.

Рагбистите воопшто не енгирале сексуален однос со неа, но дека истито бил своеволен од страна на оштетената.

 

ПретходноМЗТ Скопје убедлив против Феникс, ТФТ се намачи убаво против Тиквеш
СледноВардар 1961 доцна се разбуди, Пелистер му се одмазди!