Тимот на Јувентус очекуваната победа на домашен терен против Венеција, ја претвори во меч во кој се „вадеше“ од пораз во шестата минута од продолжението. Конечните 2:2, на овој меч се производ на борбената игра на гостите кои во Торино дојдоа по бод, а можеа и со полн плен.
Јувентус може да е среќен што не загуби бкагодарение на голот на Душан Влаховиќ од пенал во 96. минута, откако претходно Елертсон и Идзес направија речиси сензација за венеција.
А се почна добро за домаќинот на овој меч. Гати на асистенција на Турам во 19. минута успеа да му донесе на Јуве водство од 1:0, а потоа и Јилдиз погоди за двојно водство но поради играње со рака голот беше поништен од ВАР.
Во вториот дел, Венеција успеа на неверојатен начин да го заврти мечот во своја корист, а победата домаќинот вистински ја украде во последните секунди.
Јувентус сега е шести со 28. бода додека Венеција со 10. бода сеуште е последна на табелата.
🚨🇮🇹 GOAL | Juventus 2-2 Venezia | Vlahovic
VLAHOVIC HAS EQUALIZED IN THE 96TH MINUTE FROM THE SPOT !!!!!!!!pic.twitter.com/JEY0JFJUoV
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 14, 2024