Фудбалерите на Леганес ја изненадија и совладаа екипата на Барселона со 0:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. По киксот на Реал Мадрид вчера, „каталонците“ денес имаа шанса да ја зголемат својата предност на табелата, но тие не успеаја да го сторат тоа.
Единствениот погодок на натпреварот го постигна дефанзивецот Гонзалез по само 4 минути игра. До крајот на натпреварот Барселона го контролираше поседот на топката, но „каталонците“ не успеваа да креираат сериозни шанси и да го загрозат противничкиот гол.
Со овој пораз Барселона остана на првото место со 38 бода, додека пак Леганес се наоѓа на 15-тото место со 18 освоени бода.