Во Виена ќе биде исцртан патот на ракометарките за остварување на уште еден голем сон!

134

Македонската женска ракометна репрезентација денеска ќе го добие противникот во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Германија и Холнадија.

Нашите ракометарки се најдоа во вториот шешир, а распределбата на земјите од Европа доаѓа според пласманот на континенталното натпреварување кое денеска и официјално ќе заврши.

Можни противници на „црвено-жолтите“ се Шведска, Црна Гора, Полска, Словенија, Романија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд и Фарски Острови, земји кои се најдоа во првиот шешир.

Првиот натпревар ќе се одигра на 9/10 април 2025 година, а потоа и реваншот неколку дена подоцна на 12/13 април.

Репрезентациите на Норвешка, Данска и Унгарија ќе се пласираат директно на СП 2025, а истото важи и за Франција, Германија и Холандија.

Извлекувањето во Виена ќе може да се следи во живо на YouTube Home of Handball со почеток во 13:30 часот.

Шешир 1: Шведска, Црна Гора, Полска, Словенија, Романија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд, Фарски Острови.

Шешир 2Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Израел, Италија, Косово, Литванија.

Македонија има пет учества на Светските првенства, последен пат се пласираше во 2007 година заврши како 12-та.

Претходно„Марка“: И Модриќ е виновен што играта на Реал наликува на азербејџански филм!
СледноУф, каква вест за Пеп и Сити: Родри чудесно заздравува и се враќа оваа сезона!