Британски Телеграф, Скај и неколку други медиуми утрово објавија дека Гери О’Нил добил отказ од менаџерската функција во екипата на Вулверхемптон. Од клубот неколку часа подоцна го потврдија отказот, напоменувајќи дека му се заблагодаруваат за се што направи за тимот.
Вулверхемптон го запиша и четвртиот последователен порaз, што се чини беше пресудно за раководството на „волците“ да бара тренерска замена.
41-годишниот Гери О’Нил беше на чело на Вулверхемптон од август 2023 година и всушност имаше договор до 2028 година.