Се играше 90+5.минута од мечот Јувентус – Венеција, а резултатот беше 1:2 за гостите, кога Душан Влаховиќ со гол од пенал успеа да го спаси својот тим од пораз.
Сепак и покрај тоа, тој се најде на удар на фановите на гигантот од Торино. Имено по завршување на мечот домашните играчи заминаа на трибината каде дека нивните фаново како што е вообичаено, но дел од нив со погрдни зборови се нафрлија кон Влаховиќ и компанија.
Најмногу на удар беше токму Србинот кој откако го слушна тоа им заврте грб и не беше премногу расположен за “поздравување“ со фановите.
Ова покажува дека Влаховиќ во последно време не е така омилен кај фановите, посебно по лошите резултати на Јуве во Серија А.
Qui potete vedere Vlahovic verso la curva
per video integrale @davideandreoli.ultrasjuve su insta pic.twitter.com/qm9jknsVzL
— ™️Giorgia (@GiorgiaJG) December 14, 2024