Хенрик Кристоферсен е победник на денешниот слалом во францускиот ски центар Вал Дизер. Ова е 31. победа на Кристоферсен во Светскиот куп.
На втората позиција се пласираше неговиот сонародник од Норвешка, Атле Ли Меграт, кој заостана 52 стотинки додека пак последен на пиедесталот се искачи Лоик Меилард од Швајцарија со 89 стотински заостанување.
Во генералниот пласман Кристоферсен води со 290 бодови пред Марко Одермат со десет помалку, а Меграт е трет со 202 поени.