Вчера Реал Мадрид во малото дерби на Мадрид не успеа да го победи Рајо Ваљекано и одигра само 3:3.
Факт е дека “кралевите“ ни од далеку не се тоа што треба да бидат, бадијала коментарите на Карло Анчелчоти по мечот во кои тој кажува дека е задоволен од настапот а не победиле само поради судиските грешки на штета на неговиот тим.
Сепак така не мислат медиумите во Шпанија, а посебно “Марка“ која и тоа како е блиска до Реал.
Таа играта на Реал ја нарече како гледање на азербејџански филм:
„Играта на Реал е непрепознатлива, исто како да гледате азербејџански филм. Тимот се распадна по страничните позиции, а средниот ред не можеше да ги спречи нападите на Рајо по средината. И Модриќ е виновен. Го немаше нигде во тие критични мигови за Реал. Се трудеше, ама бадијала, а не беше добар и со топката“ се вели во дел од коментарот на “Марка“.