Милан наскоро ќе го обнови договорот со својата ѕвезда Кристијан Пулишиќ, објави новинарот Матео Морето.
Актуелниот договор на офанзивниот играч за врска истекува во летото 2027 година, но ќе биде обновен на нови две години.
Платата на американскиот репрезентативец исто така ќе биде зголемена на 4-5 милиони евра, што ќе го смести меѓу најскапите фудбалери во клубот. Пулишиќ е во својата втора сезона на „Сан Сиро“ по трансферот вреден 20 милиони евра од Челзи, а во актуелната сезона е најдобар играч на „росонерите“.