Норвешка е недопирлива, одигра моќно против Данска за 10-ти златен медал на ЕП!

102
Фото: www.handball.no/

Норвешка дојде до десетиот златен медал на Европските првенства, и повторно тоа го стори на смета на Данска, противник кого го совлада и пред две години во Љубљана. Норвешките ракометарки овој дуел го решија во првите 12 минути од второто полувреме кога максимално ја казнија кризата во редовите на Данска, која пак го освои четвртиот сребрен медал на ЕП. На крајот финалето во финале заврши со 23-31 во корист на стато-новиот европски првак.

Реистад имаше осум гола кај победникот, два помалку запиша Ховден. На другата страна Хојлунд и Хансен имаа по пет погодоци.

Во првото полувреме, Данска беше многу подобра, барем на почетокот, отвори со 3-1, водеше со 4-2 и 5-3. Но, на другата страна бранителот на титулата не дозволи мечот да оди во непосакуван правец, на одморот водеше со 12-13.

Криза во редовите на Данска, во 12- минути постигна само два гола и направи голем број грешки, што пак Норвешка го казни на најдобар можен начин поведе со плус седум (14-21) и се чини направи голем исчекор кон новиот златен медал.

Данска се разбуди, но Норвешка држеше ритам, не им дозволуваше на противничките ракометарки да влезат во серија со која ќе ја загрозат нивната предност. На средината на првото полувреме беше 16-23.

На стартот на 50-та минута, бранителот на титулата поведе со 19-27 и само потврди зошто во моментов е најсилниот тим. До крајот не се промени ништо, Норвешка сосема заслужено дојде до нова европска круна.

Претходно10 поени за Нено, трет последователен пораз за Армани Милано
СледноЛуд пресврт на „Етихад“: Јунајтед за две минути до победа над шампионот (ВИДЕО)