Селекторот на Сан Марино се “прослави“: Најлесна група, штета што не добивме посилни противници!

557

Во петокот во Цирих се одржа ждрепката за квалификациите за СП 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Сан Марино важи за една од најслабите селекции во Европа, па и во светот и јасно е дека во групата со Австрија, Романија, БиХ и Кипар едноставно нема што да бара.

Сепак селекторот на оваа репрезентација, извесниот Роберто Чеволи и тоа како се “прослави“ со една изјава со која го шокираше фудбалскиот свет а посебно јавноста во земјите кои се најдоа во таа група-Х заедно со Сан Марино:

Се паднавме во најлесна група. Разочаран сум и штета е што не добивме посилни противници. Се надевав дека ќе ни се паднат селекции со поголем репутација од овие во нашата група. Јасно е дека тоа се добри репрезентации, но јасно е и тоа дека оваа наша група според квалитетот е најлесна од сите останати во квалификациите“ посочи селекторот на Сан Марино.

ПретходноБобан Бабунски е нов тренер на Беса
СледноКристоферсен е победник на слаломот во Вал Дизер