По новата бламажа, таа вчера од Локомотива во меч во кој Динамо Загреб беше поразен со 3:1, веќе наголемо се шпекулира во јавноста во Хрватска, дека тренерот на “модрите“ Ненад Бјелица е пред отказ. Дури се споменуваат и неговите можни наследници како Жељко Сопиќ и Дамир Крзнар.
Тренерот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми со својот тим добро стои во Лигата на Шампионите, има шанси и за пласман во плеј – офот, но на домашна сцена е катастрофа. На 17 мечеви има 7 победи и по пет ремија и порази и од коло во коло се повеќе заостанува во битката за титулата во однос на Хајдук и Ријека.
Сепак во раководството на Динамо Загреб се крајно внимателни ако се знае дека во случај на отказ треба да му платат отштета од една годишна плата, а истата изнесува 1,2 милионии евра.
Треба да се знае дека Бјелица во овон нов мандат на клупата на Динамо Загреб е само 80 дена или помалку од три месеци. И ако сега добие отказ тоа значи дека ќе добие за 80 дена неверојатни 1,5 милиони евра.