Ханси Флик: Играме одлично и нема потреба да се жалиме на арбитражата

92

Вечерва тимот на Барселона има императив на победа пред себе во дуелот со Легањес.  Дуелот се игра од 21:00 часот, а Барса игра на домашен терен. Тренерот Ханси Флик со суперлативи зборуваше за своите фудбалери пред овој дуел со назнака дека нека потреба клубот јавно да се изјаснува околу судењето на поедини мечеви во Примера, и дека треба да се сконцентрира едиствено на својата игра.

 „Ги повикав Де Јонг и другите да бидат внимателни и да не прават глупави работи. Веќе на почетокот на сезоната им посочив на играчите дека не сакам да ги слушам како се жалат ниту на судиите, ниту на противникот. Но, можеби требаше да бидам помек. Но, сакам судиите да се однесуваат исто кон сите други тренери. Ја прифаќам мојата санкција и нема смисла да се троши енергија. Не ми се допаѓа, но првенството овде е различно од она од каде што доаѓам. Треба да поработам на моето однесување. Сите сме луѓе и грешиме. Генерално, нашиот тим одлично се снаоѓа и нема за што да се жали со судиите“ – рече Флик.

ПретходноАтлетико со „минималец“ против Гетафе
СледноУнгарија по голема драма ја победи Франција во мечот за бронза на ЕП