Фудбалерите на Милан не успеаја да го победат ниту тимот на Џенова во мечот кој требаше да виде вистинска прослава на 125-годишнината на клубот и долу на теренот. Џенова го помати славјето на „росонерите“ откако вечерва не им дозволи да победат на домашен терен, завршувајќи го дуелот со најнепопуларните 0:0.
Милан имаше неколку шанси за гол, Алваро Мората се закани во вториот дел, но гол не видовме. Милан на тој начин остана на цели 14 бода зад лидерот Аталанта, а веќе е јасно дека ништо нема да биде од освојувањето на Скудетото.
Пред мечот бројни легендарни имиња на Милан се појавија на Сан Сиро, меѓу нив и славната холандска тројка, Рајкард, Ван Бастен, Гулит.