Со голот на Александер Сорлот, тимот на Атлетико Мадрид на домашен терен предмалку извојува победа над тимот на Гетафе со минимални 1:0.
Иако домаќинот имаше императив на победа, и реално беше фаворит пред стартот на мечот, сепак, тоа на терен не изгледаше така. Атлетико дури во 69. минута од мечот го скрши отпорот на противникот, и тоа октако направи четири измени од стартниот тим. Токму Сорлот влезе на полувреме на местото на Лино и спаси ситуација што се вели.
Со овој триумф Атлетико остана во игра за првото место на табелата и сега има само бод помалку (38), од првопласираната Барселона, која што вечер го игра дуелот против Легањес.
Од друга страна пак Гетафе е петнаесетти со 16 бода.