Бернардо Силва сурово искрен: Одигравме како да сме деца од 15 години!

184

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва беше крајно самокритичен по денешниот пораз во градското дерби со Манчестер Јунајтед од 1:2. „Граѓаните“ загубија со два гола кои ги примија во 88. и 90. минута.

„Целосно го заслуживме ова што ни се случи. На ова ниво, можете да зборувате за неуспех ако ова се случи на еден или два натпревари. Ако зборуваме за 10 натпревари, тогаш тоа не е така. Ако во 87 минута на дерби кога резултатот е 1-0 во твоја корист противникот има корнер и топката оди кај твојот голман, па правиш пенал… тоа е глупава одлука, со уште една за три или четири минути. Тогаш заслужувате да платите за тоа. Ако ја погледнете играта, само еден тим може да победи. Но, на крајот загубивме“, вели Силва.

„Мора да се погледнеме. Не се работи за среќа. Се работи за одлуките што ги носиме. Денеска во последните минути игравме како да сме деца од 15 години и плативме за тоа“, дополни играчот од средниот ред на Манчестер Сити.

Претходно„Биковите“ врзаа и втора победа, триумф во дербито против Ајнтрахт (Ф)
СледноЧелзи маршира кон врвот, Тотенхем го прегази Саутемптон (ВИДЕО)