Во двата дуели од Серија А кои се играа во терминот од 15:00 часот, тимот на Болоња стигна до победа над Фиорентина на домашен терен од 1:0, додека пак Верона ја совлада Парма на нејзино тло со 2:3.
Единствениот гол на мечот во Болоња го постигна Одгард во 59. минута, и со ова домаќинот направи голем чекор кон горниот дел на табелата. Сега Болоња е седма со 25 бодови, додека пак Фиорентина остана на досегашните 31. и во моментов четвртото место.
Од друга страна пак, тимот на Верона во дуелот со Парма поведе по само пет минути игра со голот на Копола. Сом израмни на 1:1, а Сар и Москера на гостинот му донесоа 1:3 во вториот дел. Сом со својот втор погодок ги постави конечните 2:3.
Двата тима имаат по 15 бодови, а се на петнаесеттото односно шеснаесеттото место.