Бјелица преживеа, Ристовски и Адеми засега со истиот тренер

173

Според пишувањата на хрватските медиуми, Ненад Бјелица и натаму ќе биде тренер на тимот на Динамо Загреб. Проблемите за клубот кој во моментов е дел од Лигата на Шампионите, кулминираа вчера кога Динамо загуби во градската пресметка против Локомотива на гости со 3:1 во игра која ни малку не наликува на тим кој е дел од самата европска фудбалска елита.

Па така, денеска на состанокот на раководството на клубот било одлучено сепак, на Бјелица да му се даде шанса, односно доверба, во надеж дека резултатите многу бргу ќе бидат оние какви што треба.

Ова значи дека нашите интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми и натаму ќе работат со истиот стратег. И обајцата се главни карики во тимот, со статусот на капитени, и товарот и одговорноста во моментов секако дека е и на нивни плеќи.

 

ПретходноЛече со победа ја отвори денешната Серија А програма
СледноУрнебесно: Еве зошто ТВ во Италија не ги ставија вистинските кратенки на Каљари и Аталанта во преносот! (ФОТО)