Милвоки и Оклахома си закажаа финале во НБА Купот!

59

Екипите на Милвоки и Оклахома се пласираа во финалето на НБА Купот чија завршница се игра во Лас Вегас.

Прво, поточно во првото полуфинале “Бакси“ со 110:102 славеа против Атланта. Во текот на целиот меч Милвоки беше подобар, поведе на стартот со 7-0 и во текот на целиот меч ги контролираше настаните на теренот. Не беше којзнае каква разлика, но Атланта не успеа, освен во третата четвртина да се закани и тоа како како. Сепак во последниот период Милвоки одигра како што треба и дојде до победата.

Јанис Адетокунбо забелажа 32 поени, 14 скокови и 9 асистенции, додека Демиан Лилард застана на 25 поени.

На другата страна, кај поразената екипа Тре Јанг и овојпат беше најефикасен со 35 поени, додаде и 7 скокови и 10 асистенции.

Во второто полуфинале Оклахома со 111:96 ја го победи Хјустон и така се најде во големото финале во НБА Купот.

Шај Гилџиус – Александер блескаше со 32 поени, осум скокови и шест асистенции. На другата страна Томпсон со 19 поени беше најефикасен кај поразениот тим.

Финалето меѓу Милвоки и Оклахома е закажано за 18 јануари во 02.30 часот.

ПретходноРеал едвај до бод на гостувањето кај Рајо (ВИДЕО)
СледноДон Карло: Не сум нервозен по ремито, ама имаше чист пенал врз Винисиус!