Унгарија по голема драма ја победи Франција во мечот за бронза на ЕП

48
Фото: Szabó Miklós/Nemzeti Sport

Битката за третото место на Европско првенство во женска конкуренција кое завршува денеска ја донесе целата драма кога станува збор за еден ваков меч. Победникот меѓу Франција и Унгарија не беше познат до последната минута, а бронзата оди на градите на ракометарките на еден од ко-домаќините на овој шампионат (24-25). За репрезентацијата ова е четврта бронза, прва после 20212 година. На другата страна Франција второ Европско првенство не успева да слави во мечот за третото место.

Унгарија на нецела минута до крајот водеше со 24-25, Франција не искористи напад за израмнување, Флип направи пробивање.

И двете селекции пружија одлична игра, а за тоа говори и релативно изедначата борба на теренот, со тоа што Унгарија имаше водство и од три гола (7-10), првото полувреме заврши со минимални 12-13.

Главна улога во триумфот на Унгарија имаше голманката, Семереј, која запиша 12 одбрани. Прв стрелец беше Клујбер имаше девет погодоци. Нзе Минко, Фопа и Заади Деуна со по четири погодоци беа најдобри кај Франција.

Во натпреварот за златниот медал силите ќе си ги одмерат Данска и Норвешка, мечот е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноХанси Флик: Играме одлично и нема потреба да се жалиме на арбитражата
СледноКристал Палас го „шокираше“ Брајтон