Тимот на Барселона загуби на мечот против Легањес викендов, и тоа на домашен терен со конечни 0:1, но тоа не е единствениот проблем за тимот од овој неуспех.
Јамин Ламал се повреди, излезе порано од игра, а денеска клубот излезе со соопштение во кое точно се наведува за што станува збор.
Страдаше зглобот на младиот напаѓач, а паузата ќе биде од дваесетина дена до еден месец.
Тоа значи дека Барселона ќе биде без својот напаѓач во следниот период, и дефинитивно го пропушта дербито на 21. против тимот на Атлетико Мадрид.