Флоријан Вирц секако дека е играчот за кого во следниот период ќе се пишува многу. Младиот напаѓач на Баер Леверкузен е мета на се што е авторитет во европскиот фудбал и тоа според неговите игри и настапи и тоа како го заслужи.
Реал Мадрид, а особено Баерн Минхен, речиси и не престануваат да атакуваат по него, но очигледно дека Баер како клуб, а и самиот играч имаат поинакви планови.
Медиумите во Германија пренесуваат дека Вирц и официјално потпишал нов договор со Баер до 2028 година дека со услови далеку подобри отколку оние досегашните. Ќе биде далеку најплатениот играч на клубот со годишни примања околу 20 милиони евра.
Што значи ова конкретно ќе видиме во периодот кој следува, но едно е јасно дека доколку сега некој сака да го доведе напаѓачот ќе мора да плати минимум 100 милиони евра.