Гвидо Бургшталер претепан во центарот на Виена

63

Искусниот, 35. годишен австриски фудбалер Гвидо Бургшталер викендов бил претепан во центарот на Виена, и во моментов се наоѓа во болница каде што се третирани пред се повредите здобиени на главата.

Шокирачките вести за играчот на Рапид во моментов го обиколуваат светот, а информациите се дека повредите кои тој ги добил во пределот на главата воопшто не се наивни туку се работи за пукнатина на черепот.

Засега напаѓачот е непознат, иако инцидентот се случил пред сведоци, а клубот во соопштението бара итно случајот да се реши и да се пронајдат сторителот или сторителите.

 

ПретходноНова смена, Ред Бул Салзбург остана без тренер
СледноБензема ќе се врати во Реал Мадрид