Македонскиот спорт, посебно македонската кошарка денеска е во тага. Почина Ерхан Ќахил – Еко, кошаркарски делегат на сениорски и младински натпревари.
Еко беше познат во спортските кругови, имаше многу свои пријатели и блиски. Еден од тие е Елиф Елмас кој на своите социјални мрежи се прости со трогателна порака до Еко:
“Мојата најголема поддршка денеска си замина…но знам дека од таму негде горе ќе навуваш повторно за мене и ќе ми останеш најголема поддршка а ја ќе те радувам од овде од каде што почнавме“ напиша Елмас.