ПСЖ ќе има нов тренер по завршувањето на сезоната

120

Ракометната легенда Стефан Мадсен ќе биде следниот тренер на тимот на ПСЖ. Оваа информација ја сподели самиот клуб предмалку потенцирајќи дека Мадсен ќе го преземе тимот на 1 јули 2025 година.

Тоа значи дека Мадсен доаѓа на местото на Раул Гонзалес кој што е дел од ПСЖ уште од 2018 година, кога по Фајнал Форот, од Вардар се пресели во Париз. Сепак, и покрај големото искуство и неспорен квалитет како тренер, Раул не успеа се до овој момент да му донесе на ПСЖ титула во Лигата на Шампионите, па очигледно дека од клубот решија дека доволно шанса му е дадена. Тоа пак значи дека Раул Гонзалес сезонава последен пат ќе има можност за такво нешто, пред да ја „предаде палката“ на Мадсен следното лето.

Од ПСЖ потенцираат дека заедно со Мадсен во неговиот стручен штаб пристигнува и Хенрик Милгард исто така поранешен играч на тимот од Париз.

ПретходноБензема ќе се врати во Реал Мадрид
СледноБарселона потврди, за Јамал заврши годината