Рудигер и фати сеир на Барселона по шокантниот пораз (ВИДЕО)

153

Барселона беше поразена од Леганес со 1:0 во 17. коло од Ла Лига. Така, Каталонците не успеаја да го искористат киксот на Реал Мадрид против Рајо Ваљекано (3:3) и со тоа повторно да ја зголемат предноста на првото место. Киксот на Барселона особено го воодушеви Антонио Рудигер, кој беше снимен како се смее на Барселона и на мобилниот телефон го покажува резултатот од натпреварот, односно потврдата за победата на Леганес.

Барселона во следното коло го пречекува Атлетико Мадрид, кој има ист број бодови со Барселона, но и помалку одигран натпревар. Реал е домаќин на Севиља и има бод помалку од Барселона и Атлетико, но и натпревар помалку од Барселона.

По шокантниот пораз од Леганес, постои шанса Барселона да падне на третото место. Тимот на Ханси Флик освои пет бода во последните пет натпревари во Ла Лига.

ПретходноСудијата призна дека можеби погрешил со Винисиус
СледноРФМ закажа седница на Управниот Одбор