РФМ закажа седница на Управниот Одбор

48

Ракометната федерација на Македонија за следниот понеделник закажа седница на Управниот Одбор. На дневен ред ќе се најдат девет точки, а во преден план се извештаите од настапите на машките и женските национални тимови, како и утврдување на терминот за Изборното собрание. На претходното, редовно годишно Собрание, актуелниот претседател на РФМ, Живко Мукаетов извести дека нема намера да поднесе нова кандидатура за прв човек на нашата „куќа на ракометот“.

ПретходноРудигер и фати сеир на Барселона по шокантниот пораз (ВИДЕО)
СледноАтлетико израмни рекорд – стар 45 години