Серена Вилијамс драстично го промени изгледот!

125

Најдобрата тенисерка на сите времиња Серена Вилијамс (43) се повлече од професионалниот спорт пред две години и во последно време ретко ја гледаме во јавноста, но е многу активна и на Инстаграм. Она што обожавателите го забележаа во последно време е дека изгледа сосема поинаку од она на што сме навикнати – и не се работи за никакви филтри.

Не е тајна дека Серена Вилијамс знаела дека има проблеми со вишокот килограми, често зборувала за тоа, а сега на Инстаграм споделила фотографии од својата витка линија и веднаш започнала дискусија. Некои мислат дека таа, како и многу познати личности, користела Оземпик, лек за дијабетес кој неодамна стана популарен во борбата против килограмите, но од неа нема да слушнеме ништо на оваа тема. Секако, најважно е таа да е насмеана и среќна.

„Серена ли е? Нема шанси да е таа…“, „Ова мора да е Оземпик…“, се само дел од коментарите на Инстаграм.

ПретходноПо разговорот со капитенот: Ханси Флик донесе неочекувана одлука, Лапорта е во шок!
СледноСамо во Турција: Кога и ВАР не помага на супер – дербито во Истанбул! (ВИДЕО)