УЕФА објави каде ќе се игра завршницата на Лигата на Нациите

157

Денеска раководството на УЕФА на состанокот во Лозана ја донесе одлуката околу завршницата на овогодинешната Лига на Нациите, како и околу Суперкупот на Европа.

Победникот од четвртфиналниот дуел помеѓу Италија и Германија, ќе биде домаќин на самата завшница на турнирот, поточно на популарно наречениот „фајнал фор“ што се вели.

Полуфиналните мечеви, самото финале, како и натпреварот за третото место се закажани да се одиграат од 4 до 8 јуни 2025 година. Стадионите на Јувентус односно на Торино се избрани за домаќини доколку турнирот се игра во Италија, а оние на во Минхен односно Штутгарт доколку истиот земе седиште во Германија.

 

Покрај оваа одкука, УЕФА го реши и прашањето околу домаќинот на натпреварот за Суперкупот на Европа за 2025 година. Ова ќе биде стадионот Блуенерџи, исто така познат како Стадио Фриули во Удине, Италија. Натпреварот ќе се одигра на 13 август 2025 година.

УЕФА постави и рекорден награден фонд за Европското првенство за жени следната година, кој ќе изнесува 41 милион. евра. Ова претставува зголемување од 156% во однос на износот од 2022 година, и речиси пет пати повеќе во однос на ЕП 2017. За првпат гарантиран процент од наградите ќе добијат ракометарките од женските репрезентации.

 

ПретходноЃоковиќ и Кирјос ќе играат дубл на турнирот во Бризбејн
СледноНова смена, Ред Бул Салзбург остана без тренер