Анди Исмаили и Анес Бајрами од денеска и официјално дел од првиот тим на Шкупи. Клубот од Чаир се пофали дека потпишал професионални договори со двајца свои големи таленти кои доаѓаат од младинската школа на клубот и тоа на три години.
На позицијата дефанзивен играч за врска игра Исмаили роден 2008 година, а на позицијата централен дефанзивец Бајрами, инаку син на поранешен фудбалер и тренер на чаирчани, Муарем Бајрами.
Анес, роден 2009 година, е висок 188 см, перспективна фигура која му овозможува да игра рамо до рамо дури и со постари фудбалери.