Од непријатели до партнери во дубл. Вака може да се опише односот на најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос. Двајцата минаа години еден покрај друг во тенискиот карван, а сега за прв пат ќе бидат што се вели во ист тим.
На турнирот во Бризбејн, кој е еден вид предигра за Австралија Опен, покрај сингл настапот двајцата искусни тенисери ќе настапат заедно во дубл.
Оваа информација ја потврди самиот Ник Кирјос преку социјалните мрежи. Кирјос последниот перидо константно во изјавите е на старната на Новак, а со овој потег само го потврдува тоа.
За него поради повреда, ова ќе биде прв настап по подолго време, а и Ѓоковиќ се враќа на терените по извесна пауза.
🚨
🇦🇺🇷🇸 Kyrgios confirms that he and Djokovic will compete alongside each other in doubles – in Brisbane pic.twitter.com/CI2snB7PWl
— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) December 16, 2024