Антонио Илиески си замина од Воска

747

Некогашниот македонски младински репрезентативец Антонио Илиески си замина од Воска. Прволигашот останува без стоперот кој имаше полна минутажа изминатиот период во Охрид, но сепак, напролет ќе го гледаме во нов клуб.

Тимот на Воска периодов имаше проблеми од секаков карактер, па затоа е и последнопласиран тим на табелата во ПМФЛ шампионатот со само 12 освоени бодови.
Ќе треба да се случи чудо па клубот од Охрид сезонава да се спаси од најлошото.

Илиески инаку е дете на Македонија ЃП, а беше дел и од Еуромилк, Гостивар, Кожуф, Тиквеш, Фљамуртари и Кукс во Албанија….

 

ПретходноФонсека доби поддршка од главната ѕвезда на Милан, но навивачите му свртеа грб?
СледноВитор Переира ќе биде нов менаџер на Волфси