Атлетико Мадрид ја потврди одличната форма во последните недели со вчерашната победа над Гетафе (1:0) и се израмни бодовно со лидерот Барселона и покажа дека може да се бори за титулата во Ла Лига со Каталонците и Реал Мадрид.
Тимот на Диего Симеоне го израмни сопствениот рекорд за најдолга серија без пораз против конкретен противник. Атлетико не го знае вкусот на поразот од Гетафе во 23 последователни натпревари. Слична серија Мадрид имаше против Малага во периодот 1954 – 1979 година.
Во последните 23 натпревари против Гетафе, Атлетико има 19 победи и 4 пати нерешено.
Севкупно, тимот е во серија од 11 последователни победи во сите натпреварувања за прв пат под водство на Диего Симеоне.