Емоции, солзи и спектакл на “Маракана“: Императорот го одигра прошталниот натпревар! (ВИДЕО)

285

Леите Рибеиро Адријано некогаш беше еден од најдобрите фудбалери во светот. Во 2016 година за последен пат одигра официјален меч, а сега се прости од фановите на “Маракана“ во една спектакуларна ревијална средба на која тука беа и Роналдо, Ромарио, Дида, Зико, Ди Роберто во меч меѓу “Легендите на Флам,енго“ и “Пријателите од Италија“.

Популарниот Импераротор одигра по полувреме за двете екипи а постигна и по еден гол за двете екипи. На крајот беше 4:3 за Фламенго.

Емоции, солзи а највпечатливо беше кога преку видеобим се појави неговиот починат татко кој со помош на вештачката интелегеција кажа неколку зборови.

Се разбира дека некогашната мега – ѕвезда на Интер и репрезентацијата на Бразил не можеше да ги сопре солзите во тие моменти.

Иако во таа 2016 година се повлече од фудбалот, со оваа ревијална средба Адријано сакаше да стави точка на својата играчка кариера како што иму доликува на еден таков великан.

ПретходноБарселона потврди, за Јамал заврши годината
СледноФан на Сити починал на „Етихад“ по поразот од Јунајтед!