Нова смена, Ред Бул Салзбург остана без тренер

98

Поради слаби резултати сезонава, тимот на Ред Бул Салзбург одлучи да го смени досегашниот тренер, Пеп Лијндерс, кој инаку е поранешен помошник на Јирген Клоп.

Управата на клубот се одлучи за овој потег затоа што клубот во моментов е петти на табелата во Австриската Бундес лига, а и во Лигата на Шампионите работите не стојат баш како што треба. Ред Бул Салзбург во моментов е 32. на табелата со само три бода од шест мечеви.

Ова за Лијндерс беше втор обид како самостоен тренер на европска сцена откако беше на чело и на тимот на НЕЦ Најмиген во Холандија. Како асистент на Јурген Клоп во Ливерпул беше во два мандати.

ПретходноУЕФА објави каде ќе се игра завршницата на Лигата на Нациите
СледноГвидо Бургшталер претепан во центарот на Виена