Навистина не е јасно зошто и натаму, и упорно и упорно, во српската Суперлига на Ц.Звезда и се помага и со судии и со сешто треба, а Партизан се оштетува ако се знае дека разликата во квалитет е небо и земја.
Тоа веројатно се само фрустрации или навистина еден од најголемите клубови на Балканот е одлучено во целост да се уништи. Нема некое друго разумно објаснување.
А што ако се смени власта? Со право се прашуваат сите во Србија и на Балканот кои се фанови на “црно-белите“.
Јасно е дека со тие 1:1 против ИМТ и тоа како Партизан се избламира.
Ама погледнете ја снимката и заклучете дали ова не е пенал за Партизан? Судијата на теренот може и да не види убаво, ама што прави ВАР?
Очигледно е дека некои работи во Србија никако да се променат?
Зарем не им е здодевно?