Галатасарај – Трабзонспор 4:3 е епилогот од вечерашното дерби во турската Суперлига. Лудило од натпревар, но сепак во преден план беше катастрофалната грешка на судиите во 55.минута при резултат 2:2. Гостинскиот играч Банза му асистираше на Туфан за 2:3 за гостите, но убаво се гледа дека топката ја мина аут линијата со цел обем. Бадијала беа протестите на домашните а интересно е тоа што немаше никаква реакција и од ВАР собата.
И дефинитивно во некои земји и ВАР не помага.
Но затоа во 63.минута со големо задоцнување ВАР реагираше за пенал за домашните по што Галата успеа да дојде до 3:3. Веројатно ова беше “враќање“ на претходната ситуација.
На крајот резултатот гласеше 4:3 за домашните а и на овој меч нашиот Енис Барди не беше во записникот на Трабзон.
Fenerbahçeliyim ama Ozan Tufan ‘ın attığı golde top dışarıdan geliyor maalesef.
"Galatasaray – Trabzonspor" #GSvTS pic.twitter.com/EMPHkLrOdP
— Berk Tanrıverdi (@TanriverdiResmi) December 16, 2024
⚽️ GOAL 🇹🇷 | Galatasaray 2-3 Trabzonspor | Ozan Tufanpic.twitter.com/Iw3TejTFGC
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 16, 2024