Соопштение од КФСМ: Претседателот Антиќ нема да дозволи никој да си поигрува со начинот на работа на федерацијата!

501

Откако КФСМ најави дека за 18 декември (среда) е закажано Собранието на КФСМ, во јавноста повторно се “вртеа“ разни теории во врска со федерацијата и со претседателот Перо Антиќ, попладнево и федерацијата искочи со официјално соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Претседателот на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, свесен за задкулисните игри на најразлични заинтересирани страни, сака да ги увери сите клубови-членови на Федерацијата дека нема да дозволи некој да се поигрува со начинот на работа на КФСМ и со целите на раководството со највисокото раководно тело на кошарката во Македонија.

Клубовите кои се вознемирени од ситуацијата која се пласира и кои веќе нè контактираа за секојдневните притисоци со кои се соочуваат ги уверуваме уште еднаш дека ќе продолжиме да ја оправдуваме довербата која несебично ни ја даваат во текот на сиве овие години. Секој кој продолжува да го валка името на овој тим, поединечно или како целина, само докажува за својот личен карактер и зли намери.

Редовната годишна седница на собранието, коешто Претседателот Перо Антиќ го закажа за 18. декември (среда), ќе помине во најдобар ред. На седницата, како што впрочем е и предвидено секоја година на редовниот собир на членките на Федерацијата, ќе биде презентиран финансискиот извештај и извештајот за работа на Федерацијата.

Како и досега, тимот на Федерацијата продолжува да работи отчетно и транспарентно и нема да дозволи некој да се поигрува со својата (политичка) моќ и истата да ја злоупотребува. Спортот ќе го оставиме на спортистите, а ќе ја изоставиме политиката и влијанието од ‘надворешни сили’.

Уште еднаш, ги повикуваме сите клубови да не подлегнуваат на притисоците кои им се наметнати.

ПретходноФан на Сити починал на „Етихад“ по поразот од Јунајтед!
СледноНовиот национален стадион во Србија би можел да го носи името на легендарниот Синиша Михајловиќ!