Грег Попович се огласи за првпат по мозочниот удар, се уште не познато кога може да се врати

69

Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович се огласи во јавноста откако беше надвор од тимот минатиот месец. 75-годишникот стратег е отсутен од почетокот на минатиот месец, откако на 2 ноември доживеа мозочен удар.

„Ова беа неочекувани шест недели за моето семејство и мене. Додека работиме заедно на моето закрепнување, сакам да одвојам момент да споделам дека изливот на поддршка што ја добивме во ова време беше навистина огромно на најдобар можен начин. Иако посакувам да можам да вратам на секој од вас, засега, дозволете ми да кажам дека моето семејство и јас сме вечно благодарни. Благодарни сме за нашата прекрасна заедница, целата организација на Спарс и нашето семејство и пријатели.

Никој не е повозбуден од мене поради моето враќање на клупата, освен талентираните поединци кои го водеа мојот процес на рехабилитација“, напиша Попович. 

Засега не е познато кога може да се врати на клупата на Спарси, за која засега е задолжен Митч Џонсон, неговиот асистент тренер.

ПретходноНишто од Барселона и ПСЖ: Реалноста за Рашфорд е сосема поинаква!
СледноДибала пред неочкуван трансфер!