Американската скијачка Микаела Шифрин е принудена да ја заврши скијачката сезона порано од очекуваното. Целта на Шифрин беше да ја надмине бројката од 100 победи оваа сезона, но поради нејзината повреда таа ќе биде приморана да ја заврши сезоната.
„Мислам дека доколку се одеше по планот и не се повредев, дека ќе ја остварев целта која ја зацртaв. Сепак, моето враќање на скијачките патеки зависи од тоа како ќе се одвиваат нештата во следните недели и месеци“ изјави американската скијачка.
29-годишната скијачка се повреди при пад на трка, при кој се здобила со расекотина на стомакот и повреда на карличните мускули.