Летонски репрезентативец е пронајден мртов, до неговото тело оставил порака за поранешната сопруга

593

Телото на познатиот кошаркар и летонски репрезентативец Јанис Тима е пронајдено утрово во Москва, објавија летонските медиуми. Поранешниот кошаркар на Олимпијакос бил пронајден мртов во хотел во Москва, а до него била пронајдена и проштално писмо.

Според полицијата Тима се самоубил и нема докази за кривично дело. До неговото тело имало телефон на кој пишувало „побарајте ја Ана“.

Летонецот наводно не можел да го преболи разводот од сопругата и тоа било причина за неговото самоубиство.

Во својата кариера меѓу другите настапуваше за Басконија, Олимпијакос, Химки, УНИКС, Зенит…

За репрезентацијата на Летонија дебитираше во 2013 година, а летово за својата земја настапуваше на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз.

ПретходноЈокиќ го запиша 144. трипл-дабл, Денвер ја доби драмата со Сакраменто (ВИДЕО)
СледноНи Вирц, ни Халанд: Мбапе си носи во Реал свој сонародник кој се прослави со една изјава за С. Арабија!