Откако станува јасно дека Флоријан Вирц е завршена и неуспешна приказна а Ерлинг Халанд е нешто далечно и магловито, Реал Мадрид како што се шпекулира тргнува по еден млад и исклучително квалитетен офанзивец.
Реално е овој трансфер да се случи во јуни и да чини околу 50 милиони евра, а главен “архитект“ за овој трансфер бил Килијан Мбапе.
Станува збор за Рајан Черки од Лион, кој има само 21 година и еден од најдобрите офанзивци во Европа за негова возраст, репрезентативец на Франција.
Инаку Черки се прослави пред извесно време со една славна изјава за понудата која ја имаше од С. Арабија, која истата ја одби со следните зборови:
“Заминување во С. Арабија не ми е ни крај памет. Јас таму не одам па да ми даваат и 600 милиони евра на ден“ истакна Черки.