Денвер во бурна завршница гo победи Сакраменто (129-130) со поените на Џамал Мареј на девет секунди до крајот. Никола Јокиќ беше асистент на победничките поени, противникот очекуваше дека српскиот кошаркар ќе го завршува последниот напад, но одлучи топката да му ја додели на Мареј, кој одлучно влезе во рекетот.
Неверојатен факт е дека двата тима седум пати се менуваа во водство во последните минута и пол, што пак одлично отсликува колку неизвесно се одигра натпреварот во главниот град на Калифорнија. Во преостанатото време после поени на Мареј, асот на Сакраменто Кингс, Демар ДеРозен не успеа да донесе нов пресврт.
Никола Јокиќ го заврши мечот со 20 поени, заедно со 14 скока и 13 асистенции, за него ова беше 144. трипл-дабл во НБА-лига. Расел Вестбрук за малку ќе оствараше трипл-дабл, со 18 поени, 10 асистенции и девет скока. Победникот на мечот Џамал Мареј беше првата ѕвезда на тимот со 28 поени, додека крилниот центар Арон Гордон постигна 24.
Во Сакраменто најефикасни беа плејмејкерот Диерон Фокс со 29 поени, центарот Домантас Сабонис со 28, но тоа не беше доволно за триумф. По овој триумф Денвер има скор од 14-10, додека Сакраменто има 13-14.
Резулатати: Шарлот – Филаделфија 108-121, Детроит – Мајами 125-124 (прод.), Бруклин – Кливленд 101-130, Торонто – Чикаго 121-122, ЛА Клиперс – Јута 144-107.