Фудбалерот на Челзи, Михајло Мудрик падна на допинг тест, пренесуваат медиумите во Украина.
Офанзивецот за кого Челзи плати 70.000.000 евра во јануари минатата година и го донесе од Шахтјор од Доњецк беше позитивен на допинг тестот направен пред два месеци, па го чека отворањето на Б тестот.
Украинскиот фудбалер наскоро треба да се огласи за овој случај, а му се заканува суспензија која може да трае и до четири години.
Мудрик дојде на „Стемфорд Бриџ“ како огромно засилување, но 23-годишниот фудбалер досега не ги оправда големите очекувања. Последниот натпревар во дресот на „сините“ го одигра против германскиот Хајденхајм на 28 ноември во Конференциската лига и оттогаш не е ниту во протоколот, со објаснување од клубот дека е болен.