Нигериската ѕвеза на екипата на Аталанта, Адемола Лукман беше прогласен за најдобар африкански играч за 2024 година на церемонијата одржана во Маракеш синоќа. Лукман го наследува сонародникот Виктор Осимен, кој минатата година стана првиот нигериски освојувач на оваа награда по Нванкво Кану во 1999 година.
27-годишниот Лукман имаше неверојатни настапи во дресот на Аталанта оваа година, а беше и еден од предводниците на составот на Нигерија. Неговите три гола и помогнаа на Нигерија да стигне до финалето на Африканскиот куп на нации, а со Аталанта и минатата и оваа сезона бележи фантастични настапи и резултати.