Очекувано ако се знае дека делегацијата на Реал Мадрид дојде во салата во Доха (Катар) каде вечерва ФИФА ги прогласува најдобрите во светот на фудбалот за 2024.
А најдобар фудбалер според ФИФА е Винисиус Жуниор, напаѓачот на Реал Мадрид и селекцијата на Бразил.
Вини не го криеше своето задоволство што овојпат успеа да го победи Родри, но сепак и самиот знае дека “Златната топка“ е нешто повредно.
Сепак и ова признание е голема работа за Вини. Признанието како што и доликува му го предаде Џани Инфантоно, претседателот на ФИФА.